Mладинска машка кошаркарска селекција поразена од Летонија
- Mладинска машка кошаркарска селекција на Северна Македонија денеска загуби од Летонија со 62:85 во рамките на Европското првенство Б Дивизија кое се игра во Тбилиси, Грузија

Тбилиси, 23 јули 2022 (МИА) - Mладинска машка кошаркарска селекција на Северна Македонија денеска загуби од Летонија со 62:85 во рамките на Европското првенство Б Дивизија кое се игра во Тбилиси, Грузија
Од нашиот состав „под 20“ години најмногу, односно по осум реализации на натпреварот имаа Митревски, Хот, Данаиловски и Наков.
На финалниот ден од турнирот во Тбилиси за седмото место нашите кошаркари ќе игра против поразениот од дуелот Бугарија-Шведска. ар/сп/