• петок, 22 ноември 2024

MД „Илинден“-Тирана доби ИТ опрема од „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов

MД „Илинден“-Тирана доби ИТ опрема од „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов
Дебар, 9 јули 2022 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана доби ИТ опрема, донација од „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци, информираше претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. -Ова е вторпат како „Донирај компјутер“ донираше ИТ опрема за потребите на нашето друштво. Како раководство оценивме дека ова опрема е многу покорисна за генералниот координатор на друштвото за татковината Македонија и за координаторот за округот Елбасан, каде и ќе ги доставиме. Убедени сме дека опремата оди во вистински раце и ќе послужи во нивните секојдневни обврски и активности, рече за МИА Ѓурѓај. Во исто време искажува голема благодарност до Стаменов, кој, како што вели, повторно се сетил на нив. -„Донирај компјутер“, согласно потребите, во иднина ќе продолжи со донирање ИТ опрема за нашето друштво. Од мое лично име од име на друштвото и Македонците упатувам јавна благодарност до Борче Стаменов за донацијата, рече тој. Тој апелира до сите што можат да ја поддржат оваа прекрасна самоиницијатива за прибирање половни компјутери, кои потоа Стаменов ги поправа и донира на граѓани од ранлива категорија. Претходната донација, во декември минатата година, според Ѓурѓај, била дадена на огранокот на друштвото за областа Голо Брдо, по оценката дека е приоритет за одвивање на активностите. вт/мд/

Остани поврзан