• вторник, 05 ноември 2024

„Mалограѓанска свадба“ - репризно на сцената на Тетовски театар на македонски јазик

„Mалограѓанска свадба“ - репризно на сцената на Тетовски театар на македонски јазик

Тетово, 6 октомври 2022 (МИA) - Националната установа Тетовски театар вечер е домаќин на репризното издание на претставата „Малограѓанска свадба“ од Бертолт Брехт, а во режија на Теа Беговска од Драмски театар - Скопје. Оваа драма премиерно беше изведена на 16 и 17 декември 2022 година во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“- Тетово.

-Среде свадбена вечера каде што публиката е сведок на времето, времето сега и овде, толпа малограѓани ја рушат идеалната слика за брак претворајќи ја во гротеска. Во нашиот простор и време секојдневно ја храниме малограѓанштината, ја одржуваме во живот, ја негуваме, и се смееме, вперуваме прст во неа и истовремено ја прифаќаме. Нашата приказна завршува таму каде што не постои простор и време, завршува таму каде што животот трче без престан, таму каде што се сакаме да чуеме, а не слушаме, таму каде што се сакаме да видиме, а не гледаме. Таму каде што се повеќе добива смисла, велат од Тетовски театар за суштината на театарската изведба на драмскиот текст.

Улогите ги толкуваат Арсим Калеци, Ирена МирческаМиа Кантарџиева ПетровскаЃорѓи НешкоскиЕлмир Сејфулаи, Гордана ЕндровскаАрѓенд Хасани и Беким Смаили. Претставата ќе се изведе на македонски јазик, а почетокот е предвиден во 20 часот. ас/мд/

Остани поврзан