• петок, 17 април 2026

Кина подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД

Кина подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД

Пекинг, 27 март 2026 (МИА) – Кина е подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД - изјавил кинескиот министер за трговија Ванг Вентао по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, одржана на маргините на состанокот на Светската трговска организација во Камерун.

Вентао истакнал дека економијата и трговијата треба да бидат двигател на односите меѓу Кина и САД и оти двете страни треба „правилно да го раководат односот меѓу конкуренцијата и соработката“.

Истовремено, повикал на зајакнување на меѓусебната соработка, избегнување „штетна конкуренција“, сето во насока на унапредување на билатералните економски односи.

Кинескиот министер изразил и „сериозна загриженост“ поради американските забелешки за наводни нефер трговски практики, а во врска одлуката на Вашингтон да поведе нова серија истраги против повеќе од 60 држави, меѓу кои и Кина, поврзани со прашањето за принудна работа. аб/ссм

фото/МИА архива

Остани поврзан