Италијанскиот министер за надворешни работи Тајани повика на итен прекин на огнот во Украина,
- Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на итен прекин на огнот во Украина, велејќи дека тридневното примирје објавено од Русија е „бесмислено“.

Валенсија, 29 април 2025 (МИА) - Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на итен прекин на огнот во Украина, велејќи дека тридневното примирје објавено од Русија е „бесмислено“.
„Тридневното примирје кое потоа е прекршено во 200 случаи е бесмислено“, рече Тајани на маргините на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), објави италијанската новинска агенција АНСА.
Тајани истакна дека предлогот на САД за прекин на огнот оди во сосема поинаква насока и дека Италија ја поддржува таа иницијатива. рп/
Фото: МИА архива