Иранскиот парламент одобри договор за стратешко партнерство со Русија
- Иранскиот парламент одобри договор за 20-годишно стратешко партнерство со Русија, објавија државните медиуми.

Техеран, 21 мај 2025 (МИА) - Иранскиот парламент одобри договор за 20-годишно стратешко партнерство со Русија, објавија државните медиуми.
Договорот, кој на 17 јануари го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, предвидува продлабочување на билатералните односи, вклучително и поблиска соработка во одбраната.
Иако не содржи клаузула за меѓусебна одбрана, во документот се наведува дека двете земји ќе соработуваат во одговорот на заедничките воени закани, ќе развиваат воено-техничка соработка и ќе учествуваат во заеднички воени вежби. рп/
Фото: МИА архива