• четврток, 25 јули 2024

Иранскиот министер за надворешни работи во посета на Либан, Амир-Абдолахиан се сретна со лидерот на Хезболах, Насрала

Иранскиот министер за надворешни работи во посета на Либан, Амир-Абдолахиан се сретна со лидерот на Хезболах, Насрала

Бејрут, 23 ноември 2023 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан на непозната локација во Либан се сретна со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Амир-Абдолахиан пристигна вчера во Бејрут во својата втора посета на Либан од 7 октомври, според либанскиот информативен веб-сајт Нахарнет.

По неговото пристигнување, тој за каналот Ал-Мајадин со седиште во Бејрут изјави дека војната во Газа најверојатно ќе се прошири доколку не се одржи примирјето меѓу Израел и Хамас, кое треба да стапи на сила утре.

„Ако прекинот на огнот што ќе почне утре не продолжи...условите во регионот нема да останат исти како пред прекинот на огнот и опсегот на војната ќе се прошири“, рече тој.

Иранскиот министер за надворешни работи вчера во Бејрут разговараше со Зиад ал Нахалех, генерален секретар на палестинскиот исламски џихад, Халил Ал-Хаја, член на политбирото на Хамас и други претставници од двете терористички групи, според иранска новинска агенција. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан