• четврток, 26 март 2026

Иран негира дека го нападнал Азербејџан

Иран негира дека го нападнал Азербејџан

Teхеран, 5 март 2026 (МИА) - Иранскиот заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади негира дека Иран го нападнал Азербејџан, кој претходно соопшти дека два ирански беспилотни летала ја погодиле неговата автономна енклава Нахчиван, вклучувајќи ја и зградата на аеродромот.

„Исламската Република Иран не ја нападна Република Азербејџан. Ние не ги напаѓаме нашите соседни земји. Политиката на Иран е само да ги напаѓа воените бази на неговите непријатели кои се активни во регионот и се користат за напад врз Иран, вклучувајќи ги и оние на САД и Израел, рече Гарибабади во коментар објавен од иранска новинска агенција. рп/јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан