• четврток, 20 февруари 2025

Finance Think: Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите

Finance Think:  Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) -  На македонскиот пазар на труд постои хоризонтална професионална сегрегација т.е. жените се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите, занимањата во кои доминираат мажите (на пример ИТ стручњаци, инжинери, техничари) се поатрактивни на пазарот на труд, а побарувачката за работници во овие занимања е поголема.

Професионалниот јаз (однос помеѓу понудата и побарувачката на работници) е највисок кај занимањата предводени од жени, покажуваат анализите на најновиот Бриф на Finance think за тоа дали изборот на занимање води до родова сегрегација на пазарот на труд.

За намалување на професионалниот јаз меѓу мажите и жените, од Finance Think, воведување флексибилни работни места, фер пристап и еднакви можности за напредок на пазарот на труд, како и зајакнување на кариерното насочување на жените и девојчињата. 

Исто така, велат, потребно е реструктуирање на образовниот систем согласно потребите на пазарот, но и зголемување на јавната свест за правилен избор на занимање. сст/дма/

фото Finance Think

Остани поврзан