Eлиминирана во првиот круг на претседателските избори Ан Идалго повика да се гласа за Макрон
- Со само 1,9 отсто од гласовите според првите проценки, социјалистката забележа најнизок резултат во историјата на француската социјалистичка партија, таа повика во вториот круг да се гласа за
Париз, 10 април 2022 (МИА) - Со само 1,9 отсто од гласовите според првите проценки, социјалистката забележа најнизок резултат во историјата на француската социјалистичка партија, таа повика во вториот круг да се гласа за Емануел Макрон.
Со 1,9 отсто од гласовите според проценките дадени од Ифоп оваа недела, Ан Идалго беше елиминирана во првиот круг на претседателските избори во 2022. Таа постигна уште полош резултат од Беноа Хамон во 2017 година (6, 36 отсто) и забележа најнизок резултат во историјата на нејзиното политичко семејство. Во овој контекст, кандидатот повикува на „искористување на гласачкото ливче на Емануел Макрон“ за блокирање на Марин Ле Пен во вториот круг, на 24 април.тг/