• петок, 22 ноември 2024

CВР Велес со апел до граѓаните да не наседнуваат на измамници со дрва и друго

CВР Велес со апел до граѓаните да не наседнуваат на измамници со дрва и друго
Велес, 28 октомври 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги во овој период претежно дрва за огрев, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во полиција. Во СВР Велес има пријави од граѓани за извршени измами од страна на лица кои лажно се претставуваат и на различни начини ги доведуваат до заблуда оштетените со цел да остварат парична и друга корист. Секторот за внатрешни работи Велес како што информира портпаролот Ристо Самарџиев, превзема интензивни мерки и активности за спречување на ваквите појави и расчистување на пријавените измами. ад/ев/

Остани поврзан