• петок, 22 ноември 2024

Високиот претставник во БиХ, Шмит најави средба со Вучиќ

Високиот претставник во БиХ, Шмит најави средба со Вучиќ

Бања Лука, 1 април 2024 (МИА) - Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит најави дека ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Следната средба ќе биде со претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, беше објавено на официјалната страница на канцеларијата на Шмит, но не беше прецизирано кога ќе се одржи таа средба.

Шмит изјави дека „се радува на разговорите со сите релевантни актери во рамките на неговите дејтонски овластувања и мандат, со цел да ја продолжи улогата на меѓународната заедница во зачувувањето на мирот, интегритетот и стабилноста во БиХ“.

Тој минатата недела направи технички измени во Изборниот закон, на што Додик реагираше со свикување на седници на Народното собрание на Република Српска и усвојување на предлог-ентитетскиот изборен закон. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан