• петок, 22 ноември 2024

Виенски институт: Економскиот раст на Западен Балкан годинава во просек изнесувал 2,1 отсто

Виенски институт: Економскиот раст на Западен Балкан годинава во просек изнесувал 2,1 отсто

Виена, 12 октомври 2023 (МИА) - Економиите на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и покрај досегашниот отпор на предизвиците донесени од војната во Украина, се наоѓаат под притисок, додека изгледите за економски раст во Југоисточна Европа се нешто подобри, според есенската прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

„Рецесијата во Германија, влошувањето на меѓународното опкружување, континуирано висока инфлација, построгата монетарна политика и недоволните мерки на фискалната политика го оптоваруваат економскиот раст“, ​​вели Бранимир Јовановиќ, економист од Виенскиот институт и главен автор на есенската прогноза.

За сите 23 земји од тој поширок европски регион, економскиот раст во 2023 година ќе биде 0,6 отсто, со што е сличен на растот во земјите од еврозоната од 0,5 отсто.

Според таа прогноза, економскиот раст во шесте земји од Западен Балкан ќе биде малку подобар во 2023 година и во просек од 2,1 отсто. На Западен Балкан се предвидува раст на Црна Гора од 4,5 отсто, Албанија од 3,5 отсто, а Босна и Херцеговина 1,7 отсто.

Нешто поголем раст на регионалниот просек се очекува во Хрватска и Романија, членки на Европската унија - по 2,5 отсто.

Овие две членки на ЕУ, според аналитичарите, за растот можат делумно да им се заблагодарат на парите од фондот Следна генерација на ЕУ, кој треба да ги санира последиците од пандемијата на коронавирусот.

Се оценува дека земјите од Југоисточна Европа можат да донесат позитивна динамика и на австриската економија.

„И покрај тешката ситуација, блиските економски врски на Австрија со тие земји го поддржуваат нејзиниот економски раст и ја ублажуваат моменталната економска слабост“, рече Јовановиќ.

Во Турција предвидениот раст ќе биде 3,2 отсто. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан