„Athens tattoo convention“ – фестивалот за тетоважи по 14-ти пат во Атина (фото)
- Уметници за тетоважи од целиот свет, вкупно 350 артисти, учествуваат на „Athens tattoo convention“, фестивалот за тетоважи, што викендов по 14-ти пат се одржува во Атина, а по шести пат има и
Атина, 14 мај 2022 (МИА) – Уметници за тетоважи од целиот свет, вкупно 350 артисти, учествуваат на „Athens tattoo convention“, фестивалот за тетоважи, што викендов по 14-ти пат се одржува во Атина, а по шести пат има и хуманитарен карактер и со секоја тетоважа во форма на ѕвездичка помага на деца кои боледуваат од тешки болести.
Дописничката на МИА од Атина го посети фестивалот што бележи голем успех, а досега, од првата година брои половина милион посетители и 30.000 направени тетоважи.
Во затворената спортска сала уметниците се распоредени на повеќе различни штандови, тетовираат на лице место, а најдолга беше редицата на штандот на невладината организација „Make a wish“, на која тетовирањето ѕвездичка значи и исполнување желба на болни деца од три до 18 години.
Одговорната за односи со јавност на „Athens tattoo convention“, Мариа Цолаки за МИА вели дека оваа година очекуваат рекорден број посетители, со оглед на тоа дека поради пандемијата, две години по ред, фестивалот беше откажан.
- Учествуваат 350 уметници од целиот свет, најдобрите од светот, елитата. Имаме артисти од Канада, од Европа, од Бразил, од Америка, од Азија, го имаме традиционалниот стил, но и новите техники, имаме артисти од цела Грција, сите се овде, вели Цолаки.
Токму учеството на истакнати уметници од целиот свет за младата Иро е причината веќе неколку години да е редовен посетител на Конвенцијата. Вели дека ги следи светските трендови и за неа претставува огромна чест една од многуте тетоважи да е дело на светски артист.
Светските трендови ги следат и организаторите, како што истакнува одговорната за односи со јавност и додава дека нивната цел е континуирано да растат.
- Од првиот фестивал, до сега, имаме 500.000 посетители на „Athens tattoo convention“ и се направени 30.000 тетоважи. Обично секоја година имаме 30.000-40.000 посетители, но годинава веројатно ќе се зголеми бројката бидејќи луѓето имаат потреба да излезат, објаснува Цолаки.
Tетоважа ѕвездичка за помош на болни деца
При прошетката меѓу штандовите во затворената спортска сала во Атина каде што од вчера се одржува фестивалот, забележителен е интересот на посетителите да се тетовираат, но највпечатлива беше долгата редицата на штандот на невладината организација „Make a wish“.
Станува збор за организација која им помага на децата од три до 18 години кои се соочени со тешки болести, а Конвенцијата за тетовирање помага во зголемувањето на средствата на „Make a wish“.
Имено, посетителите имаат можност да изберат една од неколку опции на тетоважа во форма на ѕвезда, што чини 20 евра, со што ѝ помагаат на организацијата да исполни повеќе желби на болни деца.
- Веќе шеста година соработуваме со „Make a wish“, досега се истетовирани 3.000 ѕвездички, а средствата одат за организацијата, потенцира за МИА одговорната за односи со јавност на фестивалот.
Од организацијата велат дека соработката започнала во 2017 година, а годинава по шести пат, посетителите може да истетовираат ѕвезда „полна со значење и љубов“.
-„Make a wish“ Грција ги исполнува желбите на децата од три до 18 години кои боледуваат од многу тешки болести. Истражувањата покажуваат дека исполнувањето на желбата на овие деца е составен дел од патувањето за лекување, поради што Организацијата е посветена на исполнување на желбата на секое дете согласно критериумите. Исполнувањето на желбата може да го направи невозможното возможно, заменувајќи го стравот со самодоверба, тагата со радост и стресот со надеж, соопштуваат од организацијата.
Наспроти другите штандови каде што претежно се тетовираа лица кои веќе имаат тетоважи, на штандот на „Make a wish“, мнозинството беа посетители кои чекаа ред за нивната прва тетоважа.
- Отсекогаш сакав да се тетовирам, но никогаш не го сторив тоа, не дека ми е страв, туку никогаш не најдов дизајн што ќе го претставува мојот карактер. Ѕвездичка за добротворни цели мислам дека е вистинската одлука. Ќе имам и тетоважа и ќе помогнам во битката што ја водат болните дечиња, вели Кирјаки за МИА додека стрпливо чека да дојде на ред.
За време на тридневниот фестивал, планирани се концерти и паралелни настани, но и награди за најдобрите, во различни категории.
Сања Ристовска
Фото: МИА