Air Fair 2025 „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“ в сабота во Скопје
- Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“, в сабота (25 октомври), во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи ново издание на воздухопловно-едукативниот саем за млади – Air Fair 2025, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“.
Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) - Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“, в сабота (25 октомври), во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи ново издание на воздухопловно-едукативниот саем за млади – Air Fair 2025, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“.
Посетителите на саемот ќе можат да се запознаат со професиите: контролори на летање, пилоти, инженери, инспектори за безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај и многу други воздухопловни експерти.
- Стручниот тим на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) низ директна комуникација со посетителите, ќе им овозможи на младите љубители на авијацијата да дознаат како се стигнува до пилотска дозвола, како функционира контролата на летање и колку е значајна безбедноста во секој чекор на воздушниот транспорт, се вели во објавата на веб страницата на АЦВ.
Покрај македонските воздухопловни ентитети најавено е присуство и на гости од Унгарија, Италија и Србија. лв/вј/
фото: Принтскрин веб страница Здружение „Авикон“