• четврток, 26 март 2026

22. Ромски театарски фестивал GARAVDE MUJA – „Скриени лица“ во Скопје со регионална конференција за развојот на ромската култура

22. Ромски театарски фестивал GARAVDE MUJA – „Скриени лица“ во Скопје со регионална конференција за развојот на ромската култура

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) - Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност „Романо Ило“ од Скопје го организира 22-риот Ромски театарски фестивал GARAVDE MUJA – „Скриени лица“, кој од денеска до 7 октомври 2025 ќе се одржи во Скопје.

Фестивалот ќе понуди шест театарски претстави и перформанси од ансамбли, групи и работилници од Северна Македонија, Србија, Хрватска и Германија.

Во рамките на настанот е предвидена и регионална конференција со тема „Развојот на ромската култура – предизвици“. Целта е да се адресираат проблемите со кои се соочуваат ромските културни работници на Балканот, вклучувајќи недоволната институционална поддршка и недостаток на мотивација кај младите за вклучување во културни активности.

На конференцијата ќе биде подготвена декларација со предлози за задолжително издвојување годишен буџет за ромската култура и отворање културни ромски центри, која ќе биде доставена до владите и парламентите на земјите од регионот.

Се очекува присуство на културни работници, поети, актери, режисери, претставници на невладини организации и новинари од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Хрватска и Германија. бк/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан