• недела, 22 декември 2024

„Њузвук“: Американското разузнавање нема знаци за невообичаена воена активност во Северна Кореја

„Њузвук“: Американското разузнавање нема знаци за невообичаена воена активност во Северна Кореја
Лондон, 26 април 2020 (МИА) - Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун пропушти уште еден национален празник вчера, со што разгори гласини и извештаи за неговото здравје. Но, американските разузнавачи не гледаат знаци на невообичаена воена активност што би сугерирала на ситуација излезена од контрола, објави „Њузвик“. „Регионалните вооружени сили во Западен Пацифик и Азија, вклучувајќи ги и оние на нашите партнери остануваат на ниво на подготвеност во согласност со историските норми“, изјави висок претставник на Пентагон за Њузвик, кој не е именуван. „Не забележавме никакви индикации или дополнителни информации за да се направи конечна проценка за состојбата на севернокорејското раководство или здравјето на Ким Џонг-ун“, додаде официјалниот претставник. „Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата“. Но, Ким Џонг Ун, (36) не беше виден вчера кога неговата земја го одбележува Денот на формирањето на армијата. Центарот Стимсон 38Север сподели сателитски снимки кои покажуваат дека во близина на во источниот брег Вонсан е региострирано движење на воз скоро 820 метри долг за кој се верува дека е на севернокорејскиот шеф на државата. Ким не се појави во јавност откако тесно контролираните медиуми на неговата земја објавија фотографии од него пред две недели како присуствуваа на воздушни вежби и претседаваше со состанокот за Политичко биро на Централниот комитет на владејачката Корејска работничка партија. Тој не се појави неколку денови подоцна на Денот на Сонцето што се одбележува во спомен на неговиот дедо Ким Ил Сунг со што предизвика спекулации за неговото здравствена состојба. Дел од хонгконшки медиуми веќе јавија дека Ким е починат. Заменик директорот на хонгконшката телевизија ХКСТВ, Шиџијан Џунзу вели дека „од многу високи извори знае дека севернокорејскиот лидер е веќе починат“. Таа има 15 милиони следбеници на кинеската социјална мрежа Веибо и е роднина на  висок претствник во кинеското Министерство за надворешни работи. Во исто време јапонски медиуми трвдат дека Ким е „во вегетативна состојба“ по операција на срцето извршена во овој месец. Делегација предводена од високи членови на Одделот за меѓународни односи на кинеската комунистичка партија - задолжена за односи со Пјонгјанг - го напуштила Пекинг во четвртокот. Според агенцијата, не е можно веднаш да се утврди што тоа значи за здравјето на Ким Џонг Ун.Според Ројтерс, во Пјонгјанг е испратен од Кина и тим во кој се и лекари, според три неименувани извори. Севернокорејските медиуми не спомнаа за здравјето на Ким или каде се наоѓа. Кинески експерт за магазинот Шујан Гендаи изјави дека Ким паднал на земја поради болка во градите во момент на посета на покраина овој месец. Лекарот што го придружувал Ким извршил кардиопулмонална реанимација и го одвеле во блиската болница. На Ким, за кого се верува дека има 36 години, му бил потребен стент. Дејли НК со седиште во Сеул објави претходно оваа недела дека Ким се опоравува од кардиоваскуларната процедура што ја претрпел на 12 април, повикувајќи се на неименуван извор во Северна Кореја. Други непотврдени информации што им се припишуваат на извори во Пекинг, велат дека операцијата за поставување стент била неуспешна затоа што рацете на хирургот се треселе „ужасно силно“. Хаштагот #KimJongUndead собира набрзина се повеќе следбеници на Твитер, но без потврда за неговата смрт. зш/

Остани поврзан