• понеделник, 23 декември 2024

„Чувари“ триумфираше со 10 „Еми“ награди

„Чувари“ триумфираше со 10 „Еми“ награди

Лос Анџелес, 21 септември 2020 (МИА) - Телевизиската серија „Чувари“ (Watchmen), вчера освои 10 награди „Еми“, меѓу кои и оние за најдобра куса серија, главна женска, споредна машка улога и сценарио.

Свеченоста на доделувањето се одржа во празната сала на Лос Анџелес театарот. Серијата „Наследници“ (Succession), исто така - во продукција на Ејч-би-о, е најдобра драма, а пак, канадскиот хит „Потокот на Шит" (Schitt's Creek) ги собра наградите во категоријата комедија.

Авторите на „Чувари“ го посветија триумфот на афроамериканските жртви и на 99-годишнината од колежот во Тулса 1921 година.

Серијата што дебитираше минатата година, раскажува за белиот шовинизам, полициската бруталност и контроверзиите околу носењето маски - теми актуелни во јавните дебати во САД каде што во ноември се одржуваат претседателски избори. си/сд/

Остани поврзан