• петок, 22 ноември 2024

„Тотал гитар“: Брајан Меј е најдобриот гитарист

„Тотал гитар“: Брајан Меј е најдобриот гитарист
Лос Анџелес, 11 јуни 2020 (МИА) - Читателите на списанието „Тотал гитар“ го прогласија Брајан Меј од британскиот бенд „Квин“ за најдобар гитарист во историјата. - Останав без зборови! Навистина ме изненади ова прво место!, прокоментира Брајан Меј. На топ-листата од анкетата, Џими Хендрикс е на второто место, а Џими Пејџ - трет. Меј истакна дека за него, сепак, најдобриот гитарист на сите времиња останува Џими Хендрикс. - Тој правеше натчовечки нешта! Изгледаше како да е од друга планета и никогаш не разбрав како точно го прави тоа, додаде тој. Един ван Хален и Ерик Клептон ги заокружуваат најдобрите пет на листата. си/ми/

Остани поврзан