• сабота, 18 мај 2024

„Посебниот“ има нова фризура: Мурињо на „нула“

„Посебниот“ има нова фризура: Мурињо на „нула“
Лондон, 7 февруари 2020 (МИА) - Жозе Мурињо низ годините ги навикна фудбалските фанови на изненадувања, но при секое ново му успева да предизвика шок во јавноста.
Менаџерот на Тотенхем овојпат изненади со новата фризура. „Посебниот“ и во минатото знаел да се потшиша кратко, меѓутоа не дотолку како сега.
Негова фотографија со берберот, кој имаше чест „да работи на главата“ на Португалецот, го обиколи светот преку социјалните мрежи и предизвика бројни шеговити коментари од многумина на сметка на трофејниот тренер.
Еден од нив на „Твитер“ го промени неговиот прекар од „посебниот“ во „избричениот“. сѓд

Остани поврзан