• петок, 22 ноември 2024

„Здрава котлина“ бара итно ставање во функција на мерна станица за загаденоста на воздухот во Струмица

„Здрава котлина“ бара итно ставање во функција на мерна станица за загаденоста на воздухот во Струмица
Струмица, 10 ноември 2020 (МИА) - Еколошкото здружение „Здрава котлина“ бара од Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Струмица итно да ја стават во функција мерната станица за загаденоста на воздухот во Струмица, лоцирана во дворот на болницата. Од здружението прашуваат зошто оваа мерна станица не работи од 7 август и дали повиканите институции планираат станицата да почне да ја мери загаденоста на воздухот во овој дел на градот. - Ние, граѓаните на Струмица, сакаме да ја знаеме состојбата со воздухот што го дишеме. Сакаме да ја знаеме најитно што е можно. Добро знаеме дека воздухот во Струмица за време на зимата е екстремно загаден. Ги знаеме и причините поради тоа. Знаеме дека болницата и оваа година ќе се грее на мазут што е недопустливо и неодговорно токму поради претходните сликања и ветувања, стои во барањето на „Здрава котлина“. Додаваат дека не се преземаат доволно мерки, а како што велат „многумина од нас ќе бидеме приморани да се бориме за живот против вирусот и затоа квалитетот на воздухот ќе ни биде од огромна важност“. На крај потсетуваат дека институциите се должни да ја овозможат оваа информација. рт/мс/

Остани поврзан