• сабота, 21 декември 2024

„Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на КОВИД 19

„Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на КОВИД 19
Прилеп, 2 април 2020 (МИА) - Фабриката „Гентерм“ во индустриската зона во Прилеп од денеска се затвора за да биде извршена дезинфекција откако вработен бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на КОВИД-19, соопштија од компанијата. - Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за КОВИД-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и во транспортот со вработениот се идентификувани и се испратени дома во самоизолација во наредните 14 дена, информираат од фабриката, нагласувајќи дека приоритет се здравјето и безбедноста на вработените. Од компанијата соопштуваат дека интензивно соработуваат со локалните здравствени и епидемиолошки институции и ги следи сите препораки на Светската здравствена организација за заштита од зараза со коронавирусот. ем/бак/

Остани поврзан