„Адидас“ ги затвора продавниците во Кина поради епидемијата на коронавирусот
- Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ денеска објави дека ќе мора привремено да ги затвори своите продавници во Кина поради епидемијата на коронавирусот кој има негативен ефект
Берлин, 5 февруари 2020 (МИА) - Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ денеска објави дека ќе мора привремено да ги затвори своите продавници во Кина поради епидемијата на коронавирусот кој има негативен ефект на продажбата.
Слични затворања има и во мрежата на продавниците за франшизата, соопшти групата „Херкогенара“.
„Херкогенара“ истакна дека применува локални упатства, што во Шангај на пример значи дека продавниците затворени поради прославата на кинеска Нова година нема да работат до 9. февруари.
„Адидас“ има 500 продавници во Кина и сопствена мрежа од околу 11.500 франшизи.
Епидемијата на коронавирусот веќе има негативен ефект врз активностите на „Адидас“ во Кина, кои одеднаш пораснаа во последните неколку години.
Американскиот ривал „Најк“ изјави дека во краток рок очекува големо влијание на своите активности во Кина, каде исто така ги затвора продавниците. ки/ми/