• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон и Џонсон годинава очекува 2,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19

Џонсон и Џонсон годинава очекува 2,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19
Вашингтон., 21 јули 2021 (МИА) - Американскиот производител на лекови Џонсон и Џонсон очекува 2,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид 19, се наведува во денеска објавениот деловниот извештај за вториот квартал од годината. Вкупните приходи се очекува да се движат од 91,3 милијарди до 92,1 милијарди долари оваа година, предвидува компанијата, зголемувајќи ја проценката благодарение на поголемата продажба на медицински помагала и зголемената побарувачка на лекови за псоријаза и Кронова болест. Кога ќе се додадат приходи од продажба на вакцината против ковид 19, проценетите приходи се искачуваат од 93,8 милијарди до 94,6 милијарди долари. Компанијата ги зголеми приходите за 27 проценти во вториот квартал, на 23,3 милијарди долари. Нето добивката порасна 73 проценти, на 6,3 милијарди долари. - Џонсон и Џонсон очекува да произведе од 500 до 600 милиони дози на вакцина против Ковид-19 оваа година, изјави финансискиот директор Џозеф Волк за Си-Ен-Би-Си. Конкурентите на Џонсон и Џонсон, Фајзер очекува 26 милијарди долари приход од вакцините оваа година, а Mодерна 19,2 милијарди долари. Нивните вакцини беа одобрени во САД минатата година, а на Џонсон и Џонсон годинава. ми/

Остани поврзан