• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон: Епидемиолошката состојба значително ќе се подобри на пролет

Џонсон: Епидемиолошката состојба значително ќе се подобри на пролет
Лондон, 4 октомври 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека очекува епидемиолошката состојба да не биде лесна во следните неколку месеци, но дека работите ќе изгледаат сосема поинаку на пролет. Џонсон рече дека знае дека многумина му се лути поради некои недоследности и конфузија околу локалните мерки и дека се обидел да воспостави рамнотежа помеѓу јавното здравство и пошироките потреби на општеството и економијата. Тој во интервју за телевизијата Би-Би-Си посочи дека соработката е важна и дека граѓаните на Велика Британија мора да ги следат препораките на здравствените експерти. Џонсон ги негираше обвинувањата дека локалните ограничувања не ги даваат очекуваните резултати, бидејќи стапката на инфекција продолжува да расте. Тој рече дека е сè уште рано и дека експертите се на мислење дека треба да почекаме да видиме дали мерките имаат ефект. Премиерот на Велика Британија рече дека очекува во следните неколку месеци да се подобри епидемиолошката состојба, со зголемување на опсегот на тестирање и вакцини, што ќе и овозможи на Владата да преземе поинаков пристап. Тој посочи дека научниците речиси едногласно се согласуваат дека ситуацијата на пролет ќе изгледа многу поразлично и дека ова е нормален циклус на ваква пандемија. Рекордни 12.872 нови случаи се пријавени во Велика Британија во текот на вчерашниот ден, а Владата соопшти дека доцнењето со пријавувањето на бројот на случаи ќе доведе до зголемување на бројот на нови инфекции во наредните денови. Од почетокот на павидемијата, Ковид-19 е потврден кај повеќе од 480.000 луѓе во земјата, додека повеќе од 42.000 пациенти починале како резултат на болеста. Велика Британија има најголем број смртни случаи од коронавирус во Европа, а локалните ограничувања на пандемиите се воведени во многу делови на земјата, вклучувајќи ги и големите градови како Манчестер и Глазгов. паг/  

Остани поврзан