• четврток, 04 декември 2025

Џонатан Та нов член на Баерн Минхен

Џонатан Та нов член на Баерн Минхен

Минхен, 20 мај 2025 (МИА) - Баерн Минхен денес договори големо засилување, откако Џонатан Та дефинитивно ќе стане нов член на Баварците.

Цврстиот германски дефанзивец ќе потпише за Баерн како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Баер Леверкузен истекува на крајот од сезоната, а информацијата за договорот меѓу Та и Баерн ја пренесе доверливиот инсајдер Санти Ауна.

Ауна објави дека Баерн го зема Та пред носот на Барселона. Германскиот репрезентативец имал договор со Каталонците уште од зимата да стане член на Барселона откако ќе му истече договорот со Леверкузен.

Та (29) се согласил да потпише тригодишен договор со Баерн, кој ќе вклучува клаузула за автоматско продолжување за уште една година. Германецот ќе заработува 12 милиони евра годишно.

Што се однесува до Барселона, со која Та претходно имал договор, Ауна вели дека договорот пропаднал поради финансиски проблеми што продолжуваат да го мачат клубот од „Камп Ноу“.

Пред Леверкузен, Та играше и за ХСВ и Фортуна Дизелдорф. Тој има 35 настапи за германската репрезентација. дс

Фото: Архива

Остани поврзан