• вторник, 19 ноември 2024

Џоди Фостер проговори за својата страст кон американското рагби

Џоди Фостер проговори за својата страст кон американското рагби
Лос Анџелес, 19 февруари 2021 (МИА) - Aмерикaнската глумица Џоди Фостер вчера гостуваше на шоуто „Џими Кимел, во живо!“ Првичниот повод беше да го промовира нејзиниот нов филм „Мавританец“ (The Mauritanian), но таа посебно внимание му посвети и на бекот на „Грин Беј пакерс“ - Арон Роџерс. Имено, при неговиот говор по прогласувањето за најдобар играч на американското НФЛ натпреварување, Роџерс ѝ се заблагодари на Фостер како „член на неговиот тим вон теренот“. - Тој, просто, знае дека сум му најголема обожавателка. Тој затоа рече „мојот тим“. Тоа не значи дека навистина сум во неговиот тим, изјави таа. Фостер е номинирана за Златен глобус за нејзината улога во „Мавританец“, па навести дека, „апсолутно“ ќе му врати на рагбистот, ако евентуално ја добие статуетката.  си/

Остани поврзан