• сабота, 23 ноември 2024

Џим Белуши снима втора сезона од реалното шоу за одгледување марихуана

Џим Белуши снима втора сезона од реалното шоу за одгледување марихуана
Лос Анџелес, 20 јануари 2022 (МИА) - Американскиот глумец Џим Белуши, многумина веројатно и не би го поистоветиле со Сет Роген, Снуп Дог или други познати „поддржувачи“ и уживатели на рекреативна употреба на веќе законски дозволените лесни дроги. Сепак, 67-годишниот комичар, заедно со својот колега Ден Ајкројд лани летото добија свое реално шоу за одгледувањето канабис, насловено „Растејќи со Белуши“ (Growing Belushi). А, сега се снима и втората сезона од шоуто. - Тоа (марихуаната, б.п.) е најголемиот лек. Ви дава енергија. И, многу е креативно!, истакнува Белуши во новото интервју промовирајќи ја неговата серија на каналот „Дискавери“ што се снима на неговиот имот во југозападен Орегон (САД). Производот го доби називот „Браќата Блуз“ (Blues Brothers), во чест на Ајкројд и повозрасниот брат на Џим - Џон Белуши кои глумеа во истоимениот филм. Џон почина од мешавина на хероин и кокаин во 1982 година. - Знаете, тој почина од предозирање со дрога и навистина мислам - и Ден го рече тоа, дека ако беше „љубител на тревката“, ќе беше жив денес. Затоа што тоа е одличен лек!, нагласи Џим. Втората сезона од реалното шоу почна вчера.  си/сд/

Остани поврзан