Џил Бајден во Романија и Словачка на средби со украински бегалци
- Според најавеното, д-р Џил Бајден во Европа ќе помине четири дена
Вашингтон, 6 мај 2022 (МИА) - Првата дама на САД, Џил Бајден денеска ја започна посетата на Романија и Словачка, каде предвидено е да се сретне со раселени семејства поради војната во Украина, јавија американски медиуми.
Таа за новинарите изјави дека и неа, како и на нејзиниот сопруг, претседателот Џо Бајден, многу им е важно украинскиот народ да знае оти се со него.
Двете земји што првата дама ги посетува, а се граничат со Украина, прифатија милиони бегалци, главно жени и деца, потсетуваат медиумите.
Според најавеното, д-р Џил Бајден во Европа ќе помине четири дена. бд/ссм/