• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џили во Скопје ги претстави новите Ситиреј и електричниот EX5

Џили во Скопје ги претстави новите Ситиреј и електричниот EX5

Во салонот на Џили во Скопје пристигнаа два нови модели, Ситиреј и целосно електричниот ЕХ5, со што понудата на брендот во Македонија сега брои четири возила, заедно со Кулреј и Старреј. Ситиреј е позициониран помеѓу компактниот Кулреј и поголемиот Старреј, со дизајн и технологии инспирирани токму од својот „поголем брат“. Под хаубата има 1.5-литарски турбо мотор со 174 коњски сили, што овозможува забрзување до 100 км\ч за 7.9 секунди и потрошувачка од 6,3 литри на 100 км. Цените сè уште се утврдуваат, но извори велат дека ќе бидат конкурентни, особено во однос на опремата, погонот и димензиите. EX5, пак, е целосно електричен џип поставен на новата Џили платформа за електрични возила. Опремен е со Шорт Блејд батерии од 60.2 kWh, кои нудат поголема енергетска густина и автономија до 430 километри според WLTP. Цената изнесува 36.900 евра и се нуди во една, целосно опремена верзија.

 

Фото: FB

Остани поврзан