• четврток, 21 ноември 2024

Џејмс трет натпревар по ред постигна трипл-дабл

Џејмс трет натпревар по ред постигна трипл-дабл

Лос Анџелес, 14 ноември 2024 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари.

Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред.

Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата, додека Мемфис кој го претрпе петтиот пораз е на 7. место.

Следен натпревар на Лејкерс е в сабота на гостински терен со Сан Антонио спарс. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан