• петок, 05 декември 2025

Џејмс се искачи на второто место во натпреварите од регуларната сезона во НБА

Џејмс се искачи на второто место во натпреварите од регуларната сезона во НБА

Лос Анџелес, 10 април 2025 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на второто место по број на одиграни натпреварите од регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Лејкерси ноќеска го победија Далас маверикс на гости (112:97). Четириесетгодишниот Џејмс на теренот мина 36 минути, постигнувајќи 27 поени, седум скока и три асистенции.

Овој натпревар беше негов 1.561. во регуларниот дел од сезоната на НБА. Во овој показател, Џејмс го надмина Карим Абдул-Џабар (1.560). На врвот на оваа листа е Роберт Периш (1.611). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан