• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џејмс: Регуларниот дел од сезоната е забавен, но јас се грижам само за плејофот

Џејмс: Регуларниот дел од сезоната е забавен, но јас се грижам само за плејофот

Лос Анџелес, 22 април 2025 (МИА) - Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека во финалниот дел од кариерата не е претерано фокусиран на регуларниот дел од НБА сезоната, туку само на борбата за шампионскиот трофеј.

Џејмс е повеќекратен освојувач на прстенот, светски и олимписки шампион, најдобар шутер во историјата на НБА и еден од најдобрите играчи некогаш видени.

„Кралот“ на 41 година сосема искрено рече - не го интересира регуларниот дел од сезоната, плеј-офот е суштината на се.

-Во овој момент од мојата кариера... регуларниот дел од сезоната е забавен, но јас се грижам само за плејофот“, рече Леброн, додавајќи: „Јас сум целосно посветен на процесот. Плејоф кошарката е како дрога“.

Џејмс и Лејкерси играат против Минесота Тимбервулфс во првата рунда од плеј-оф серијата на Западната конференција. Лејкерси беа поразени многу убедливо во првиот натпревар.

„Езерџиите“ ќе имаат шанса да се поправат во вторник навечер пред серијата да се пресели во Минеаполис. дс

Фото: Архива

Остани поврзан