• недела, 22 декември 2024

Џејмс подготвен да потпише нов договор со Лејкерси

Џејмс подготвен да потпише нов договор со Лејкерси

Лос Анџелес, 30 јуни 2024 (МИА) - Четирикратниот шампион во НБА, Леброн Џејмс има намера да остане врзан со Лос Анџелес Лејкерс со нов договор, според информациите кои доаѓаат од САД.

Додека вниманието беше фокусирано на тоа дали Џејмс ќе стане слободен агент по четврти пат во неговата богата кариера, неговата иднина со Лејкерси е тешко под сомневање со оглед на тоа што тимот го избра неговиот син Брони во втората рунда на НБА драфтот во четвртокот.

„Атлетик“, „ЕСПН“ и „СиБиЕс Спортс“ велат дека Џејмс нема да ја искористи својата опција од 51,4 милиони долари за следната сезона, што ќе го направи слободен агент и ќе има опција да потпише максимален тригодишен договор со Лејкерси вреден околу 160 милиони долари.

Таквиот договор би вклучувал и клаузула за забрана за трансфер, што значи дека 39-годишниот Џејмс најверојатно ќе ја заврши кариерата во Лос Анџелес Лејкерс или ќе ја контролира својата следна дестинација.

За шест сезони со Лејкерси, Леброн Џејмс, кој е водечки стрелец во историјата на НБА, имаше просек од 27 поени, 7,9 скока и 8 асистенции по натпревар. дс

Фото: Архива

Остани поврзан