• петок, 15 ноември 2024

Џејмс Корден: Ја мијам косата на секои два месеца

Џејмс Корден: Ја мијам косата на секои два месеца
Лос Анџелес, 16 мај 2022 (МИА) - Колку долго луѓето поминуваат под туш? Господи! Јас сум внатре, па надвор, во период од три или четири минути. Користам сапун, но, не ја мијам косата. Ја мијам на секои два месеца. Вистинска приказна, истакна 43-годишниот комичар и ТВ водител, Џејмс Корден пред својата публика. Тој се осврна на ова, откако жителите на Лос Анџелес беа советувани да го прекинат секојдневното туширање четири минути, додека се влошува сушата во Калифорнија. Еден од продуцентите го поздрави краткото туширање на Корден. Но, друг искоментира оти тоа е лудо. - Тоа значи дека ти не се тушираш. Ама ајде! Тоа не е добро, вие сте валкани, беше реакцијата. Според WebMD, иако зависи од различни фактори, луѓето би требало да ја мијат својата коса секои два до три дена. Корден не е единствената популарна личност што има контроверзни навики на туширање, пишуваат медиуми. Минатата година, Џејк Гиленхал призна за Венити фер дека „сè повеќе и повеќе сметам оти капењето е помалку неопходно, на моменти“. Мила Кунис и Ештон Качер признаа дека ги капат нивните деца, само ако има видлива нечистотија на нив. бд/

Остани поврзан