• недела, 08 март 2026

Џефри Гил со злато на 100 метри на Светското првенство во ледено пливање

Џефри Гил со злато на 100 метри на Светското првенство во ледено пливање

Делчево, 7 март 2026 (МИА) – Младиот пливач Џефри Гил (18) од Ватфорд, Англија, со потекло од Делчево, освои златен медал на Светското првенство во ледено пливање кое се одржа во Оулу, Финска, во екстремни арктички услови.

Гил кој настапи за Македонија го освои првото место на трката на 100 метри, со што уште еднаш го потврди својот талент, силна физичка подготвеност и способност да се натпреварува во еден од најекстремните спортови во светот.

Претходно Гил освои второ место на 50 метри градно, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите натпреварувачи во оваа дисциплина. Со тоа тој уште еднаш ја потврди својата константност и конкурентност на меѓународната сцена.

Светското првенство во зимско пливање во Оулу се одржува од 2 до 8 март и опфаќа голем број трки, штафети и специјални дисциплини, а се смета за едно од најголемите меѓународни собири на љубители на пливањето во студени води. вс/

Фото: МИА

Остани поврзан