• петок, 05 декември 2025

Џек Грилиш и Хари Мегваер го пропуштаат ЕП 2024 година

Џек Грилиш и Хари Мегваер го пропуштаат ЕП 2024 година

Берлин, 6 јуни 2024 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер Сити, Џек Грилиш и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе го пропуштат претстојното УЕФА ЕУРО 2024.

Двојката нема да се најде на конечниот список на тренерот Герет Саутгејт, ексклузивно пренесе Би-Би-Си Спорт.

Засега се уште нема официјална потврда на веста.

Според извештаите, Мегваер и Грилиш не се целосно закрепнати од разни здравствени проблеми. дс

Фото: Архива

Остани поврзан