Џафери: Комисијата за избори и именувања од утре да продолжи со седницата за уставните судии
- Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше координативна средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше координативна средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата Бојан Маричиќ. Ова е прва редовна координација по летниот колективен одмор.
Џафери на средбата соопштил дека на 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието, а дополнително ги информирал присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом. Тој побарал од утре да продолжи седницата на Комисијата за избори и именувања за изборот на уставните судии, и најавил дека ќе се работи и на продолженија на веќе започнати седници.
-Исто така, претседателот Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови. Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници, се посочува во соопштението од Кабинетот на Џафери. ев/лв/