Џафери во посета на Општина Теарце
- Претседателот на Техничката влада на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе престојува во посета на населеното место Теарце.

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Претседателот на Техничката влада на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе престојува во посета на населеното место Теарце.
Како што соопштија од владината прес-служба, предвидено е Џафери да ги посети Општина Теарце, Основното општинско училиште „Асдрени“ во село Глоѓи и да направи увид на патот во селото Глоѓи каде и ќе даде изјава за медиумите. вг/цр
Фото: МИА Архива