• вторник, 23 јули 2024

Ќе се реконструира улица во неготинско Војшанци 

Ќе се реконструира улица во неготинско Војшанци 

Неготино, 5 декември 2023 (МИА) - Ќе се реконструира улица во неготинското село Војшанци, информираше попладнево градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.  

- Врз основа на потпишаниот договор помеѓу Владата на Македонија како инвеститор на проектот, ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино како финансиер, ТАВ Тепе Акфен како изведувач на работите и општина Неготино како корисник, за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни, предвидена е реконструкција на улица во селото Војшанци, појасни градоначалникот. 

Тој додаде дека станува збор за улица во селото, пред мостот. 

Вкупната вредност на целиот проект изнесува 3.883.008 денари со вклучен ддв. свд/мд/


Фото : МИА архива

Остани поврзан