Ќе се реконструира спортската сала во карбинското училиште „Страшо Пинџур“
- Во тек е тендерска постапка за реконструкција на спортската сала во Општинското основно училиште (ООУ) „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека планирана е обнова на подот и плафонот, како и поставување на нов епоксиден под, кој ќе го усогласи објектот со современите стандарди за спортување. Проектот е дел од Програмата на Министерството за образование и наука. Завршувањето на проектот се планира во септември, кога учениците ќе добијат нова, модерна сала за настава и спорт.

Карбинци, 1 јули 2025 (МИА) – Во тек е тендерска постапка за реконструкција на спортската сала во Општинското основно училиште (ООУ) „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека планирана е обнова на подот и плафонот, како и поставување на нов епоксиден под, кој ќе го усогласи објектот со современите стандарди за спортување. Проектот е дел од Програмата на Министерството за образование и наука. Завршувањето на проектот се планира во септември, кога учениците ќе добијат нова, модерна сала за настава и спорт.
-Она што ќе се работи во следниот период е реконструкција на подот, ќе има едно модернизирање на епоксиден под, според критериумите на еден ваков објект, како што е оваа училишна сала и реконструкција на плафонот, односно дел од поткровната конструкција. Овој проект е во рамките на 15 проекти од страна на Министерството за образование и наука, кој што ги финансираат директно од буџетот на владата и Карбинци ќе биде една од општините, кои што ќе биде опфатена со ваков проект. Она што е важно е дека во следниот период ќе започнат овие градежни активности, а од септември учениците да имаат можност да користат нова, модернизирана сала, изјави Паунов.
Буџетот за целата реконструкција, изнесува околу 1,5 милиони денари. Градоначалникот Паунов информираше дека во тек се и постапките за неколку улици во општината, а ќе се реконструираат и градат пет нови улици, во селата Аргулица, Таринци и една во село Горни Балван. вдј/вј/
Фото: МИА