• среда, 15 мај 2024

Ќе се преземат активности за подобрување на состојбите и спречување на корупцијата во затворскиот систем, насилството и соодветен третман

Ќе се преземат активности за подобрување на состојбите и спречување на корупцијата во затворскиот систем, насилството и соодветен третман

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Министерството за правда денеска соопшти дека ќе се интензивира реализацијата на проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“, што се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.

На средбата со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа, министерот за правда Кренар Лога разговарал за приоритетните прашања поврзани со условите во затворите, третманот,постапувањето со притворените и ослудени лица со цел постигнување на ресоцијализација и рехабилитација на лицата кои издржуваат затворски казни.

Од страна на претставниците на Банката, како што стои во соопштението, било побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ-КПД Идризово 

Министерот се заблагодарил за целокупната поддршка за реализација на Проектот со кои се опфатени повеќе казнено поправни установи меѓу кои и воспитно поправниот дом во Тетово и затворот во Куманово. Оценката и напредокот на состојбите во пенитенцијарниот систем, се наведува во соопштението, се дел и од пристапниот процес за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. цр/ац/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан