• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ќе се врши вонреден инспекциски надзор во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола

Ќе се врши вонреден инспекциски надзор во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг информираше дека ќе се вршат вонредни инспекции во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола. - Бараме Државниот инспекторат да соработува со локалниот инспекторат и тие да имаат можност, без најава, да влегуваат во инсталациите и да вршат вонредни инспекциски надзори, посочи Нуредини. Министерот упати апел до граѓаните да пријавуваат во Инспекторатот за животна средина, доколку забележат загадување. см/ац/    

Остани поврзан