• вторник, 18 јуни 2024

Ќе се асфалтира крстосницата кај ФОН, сообраќајот ќе се одвива по една лента

Ќе се асфалтира крстосницата кај ФОН, сообраќајот ќе се одвива по една лента

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - ЈП „Улици и патишта“ -  Скопје информира дека денеска ќе започне асфалтирањето на крстосницата на булевар „Киро Глигоров“ кај ФОН Универзитетот и салонот на „Мерцедес“. 

Поради изведба на градежните активности сообраќајот ќе се одвива етапно, прво ќе биде зафатена една коловозна лента, па потоа другата и при асфалтирањето ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП „Улици и патишта“ апелираат за трпение на сите учесници во сообраќајот до завршување на градежните работи. љм/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан