• петок, 22 ноември 2024

Њујорк тајмс: Трамп планира да помилува уште неколкумина осудени криминалци

Њујорк тајмс: Трамп планира да помилува уште неколкумина осудени криминалци
Вашингтон, 26 ноември 2020 (МИА) - Помилувањето на Мајкл Флин од страна на Доналд Трамп е увертира во низа од помилувања, кои можат да се случат, како се ближи крајот на владеењето на претдателот на САД, објави денеска Њујорк тајмс. - Политички сојузници и партнери вршат интенизивен притисок за разни помилувања, а претседателот продолжува да ја заобиколува правдата со прекинување на долгите затворски казни на низа злосторници, пишува весникот. Трамп претходно го помилува Роџер Стоун, негов долгогодишен близок соработник. Весникот наведува дека покрај Флин, кого помилувањето му ги исчисти црните дамки од досијето - вина за лажање на Федералното биро за истраги. Неговото ослободување дава надеж на низа од баратели на помилувања кои можат да бидат спроведени од претседателот пред да ја напушти Белата куќа. Њујорк тајмс истакнува дека помилувања може да добијат поранешните советници на изборната кампања на Трамп, Рик Гејтс и Џорџ Пападопулос. Исто како Флин, тие беа осудени во случаите изнесени по истрагата на специјалниот обвинител Робарт Малер за вмешаноста на Русија во изборите на САД во 2016 година. Повикувајќи се на адвокати и лица блиски на Белата куќа весникот наведува дека Трамп би можел да го искористи својот авторитет и за случаи надвор од истрагата, а поврзани со сторен тежок криминал, како на пример случајот со Грег Линдберг, бизнисмен милијардер од Северна Каролина, осуден на седум години затвор поради поткуп на владини официјални лица и корупција,. Џаред Кушнер, зет на претседателот и негов советник, наводно формирал ад-хок тим во Белата куќа со задача да состави список на лица кои можат да добијат помилување од Трамп. Едно од имињата што се вртат е Расел Бредли Маркс, осуден на доживотна затворска казна откако во 1992 година ја признал својата вина за продажба на кокаин и перење пари. - Крајот на една администрација е вистинското време за интенизвно лобирање повразно со помилувања. Но во случајот со господин Трамп, тоа оди потаму од неговите лични и политички погледи, неговата постојана горчина околу истрагата за Русија и неговиот бизнис пристап кон владеењето, анализира весникот. Се додава дека големиот број на луѓе од кругот на претседателот кои се огрешиле од законот прашањето за помилувања го направија искличително дегутантно. кб/ми/

Остани поврзан