• недела, 22 декември 2024

Њујорк разгледува опции за полициски час, ограничени движења...

Њујорк разгледува опции за полициски час, ограничени движења...
Њујорк, 16 март 2020 (МИА) - Њујорк ги затвори сите јавни училишта најмалку до 20 април, и потенцијално во текот на остатокот од учебната година заради загриженоста од ширењето на новиот коронавирус. Почнувајќи од утре - вторник - баровите, рестораните и кафулињата ќе бидат затворени за гости и ќе биде дозволено само испорака на нарачки. Градоначалникот Бил де Блазио јасно стави до знаење дека тоа можеби не е крај на ограничувањата за жителите на Њујорк. - Сите опции се на маса, изјави тој, зборувајќи за потенцијалното воведување полициски час во градот или за ограничувања на патувањата, како и за затворање улици и мостови. Повеќе од еден милион деца денеска не се во училиште поради Ковид-19. Градоначалникот истакна дека неговите овластувања за вонредни состојби му даваат можност да остварува вакви потези, но дека се уште не е тој момент за рестрикции. Според него, градот ги оценува работите од ден на ден и час во час. - Ова е бескрајна агенда ... Има само работа за нас, изјави тој. Во американската држава Њујорк има 729 потврдени случаи, од кои 329 во градот Њујорк и петмина се починати од тој вирус. зш/

Остани поврзан