• понеделник, 23 декември 2024

Њујорк и Чикаго покажуваат интерес за Крис Пол

Њујорк и Чикаго покажуваат интерес за Крис Пол
Њујорк, 26 април 2020 (МИА) - Челниците на Њујорк и Чикаго се заинтересирани да се стекнат со кошаркарот на Оклахома, Крис Пол. Американските медиуми објавија дека Оклахома е подготвена да го размени Пол. Оваа НБА сезона 34-годишниот играч настапи на 63 натпревари и имаше просек  по натпревар 17,7 поени, 6,8 асистенции и 4,9 скока. Пол има важечки договор уште две години за што треба да добие 85 милиони долари. зс/

Остани поврзан