• петок, 21 февруари 2025

Њукасл подготвен да го пушти Исак за 100 милиони евра

Њукасл подготвен да го пушти Исак за 100 милиони евра

Њукасл, 17 февруари 2025 (МИА) - Њукасл е подготвен да го пушти напаѓачот Александар Исак претстојното лето да замине за 100 милиони евра доколку тимот не успее да се квалификува во Лигата на шампионите.

Според „Diario Sport“, Барселона, Ливерпул, Арсенал и Челзи се заинтересирани за услугите на 25-годишниот фудбалер.

Во тековната сезона Исак одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигна 19 голови и 5 асистенции. 

Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот е 75 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан