Њукасл не се откажува од својот најдобар напаѓач: Исак ќе добие нов договор
- Александер Исак игра фантастично оваа сезона во Премиер лигата, што е повод многу големи клубови да се обидат да го ангажираат. Сепак, Њукасл има други планови.
Њукасл, 27 јануари 2025 (МИА) - Александер Исак игра фантастично оваа сезона во Премиер лигата, што е повод многу големи клубови да се обидат да го ангажираат. Сепак, Њукасл има други планови.
Клубот од северна Англија би сакал да го задржи најдобриот играч на сезоната нудејќи му нов, подобрен договор.
Бројни европски гиганти се распрашуваат за Исак, вклучувајќи ги и ривалите од лигата на Њукасл, Арсенал и Манчестер Јунајтед. Сепак, Еди Хау не сака да остане без својот најдобар напаѓач и на раководството на клубот им било јасно дека нешто мора да се преземе.
На шведскиот интернационалец ќе му биде понуден нов договор, а од него зависи дали ќе го прифати или ќе сака нов предизвик. Како и да е, Њукасл не сака да го продаде Исак во овој момент и инсистира дека тој не е на продажба.
Брилијантниот напаѓач оваа сезона постигна 17 гола и даде пет асистенции на 21 натпревар, а неговиот актуелен договор е до 2028 година.
Ако Исак сепак биде продаден, тоа нема да се случи пред летото. дс
Фото: Архива