• четврток, 16 мај 2024

Њукасл во јануари ќе се обиде да го купи Пулишиќ од Челзи

Њукасл во јануари ќе се обиде да го купи Пулишиќ од Челзи
Њукасл, 13 ноември 2022 (МИА) - Њукасл останува заинтересиран за напаѓачот на Челзи, Кристијан Пулишиќ. Според новинарот Николо Шира, Њукасл ќе се обиде да го ангажираат 24-годишниот Американец во текот на зимскиот преоден рок. Раководството на Њукасл се обиде да го купи играчот минатото лето, но преговорите пропаднаа. Во сезоната 2022/23, Пулишиќ на 15 натпревари за Челзи постигна еден гол и две асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 38 милиони евра. зс/

Остани поврзан